35-годишниот пациент кој почина вчера од Ковид-19 немал претходни заболувања

Точка

30/10/2020

19:21

4.828

Големина на фонт

а а а

Триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје и кој беше позитивен на ковид-19 немал никакви претходни заболувања, потврдиле од Министерството за здравство за „МКД.мк“.

„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26-ти октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести“, рекле од Министерството за здравство.

Имено, 35-годишниот пациент кој се лекувал од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје вчера беше најмладиот починат пациент.

Министерот Филипче уверува дека има персонал и дека со почитувањето на мерките бројките на заразени може да паднат за три недели.

Досегашните искуства кај лекарите во државава, но и во светски рамки покажале дека најголем дел од компликациите се јавуваат кај повозрасни пациенти и кај пациенти кои покрај тоа што се позитивни на Ковид-19 имаат и претходни заболувања.

Најчесто тоа се срцеви заболувања, дијабет, бубрежни заболувања, карциноми, респираторни заболувања или се во некоја терминална фаза на болест. Сето ова има удел во финалниот исход од лекувањето, велат од Министерството за здравство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг