Volkswagen со новата тизер фотографија потсети дека на 4-ти ноември и официјално ќе го претстави новиот Golf R.
Како што беше претходно најавено, под хаубата на новиот Golf R ќе се најде 2.0 четирицилиндарскиот турбо-бензинец кој се наоѓа во новиот Golf GTI, но во R верзијата ќе испорачува 328 коњски сили.
Во пакетот ќе се најде и погон на четири тркала, поголеми алуминиумски фелни, аеродинамични елементи на каросеријата, спортски издувен систем, помоќен систем за сопирање, како и спортски седишта и волан.
Неодамна, познатиот возач Танер Фауст објави видео на Твитер на кое потврди дека новиот Golf R ќе пристигне на 4-ти ноември.
Exciting stuff coming out of Volkswagen R! Can’t wait to see the new Golf R 8 reveal on 11.04.2020!#MissionR pic.twitter.com/Ci4MCUnujG
— Tanner Foust (@TannerFoust) October 14, 2020