Караџовски: Македонија е на врвот на епидемијата, можно е затворање на државата

Точка

30/10/2020

20:00

4.168

Големина на фонт

а а а

Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести во гостување во емисијата Трилинг на „24 вести“ зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаме, и дека се размислува за сите мерки локално, вклучувајќи и целосно затворање на државата.

„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија“, вели Караџовски.

Караџовски за „Трилинг“ открива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години.

Тие се оние кои го шират вирусот. Според проценките на Караџовски, Македонија е на врвот на епидемијата, додавајќи дека македонскиот здравствен систем не е димензиониран да се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од болеста. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на заразата. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг