Точка ТВ: „Разврат и лудило“ на најголемата божица на Холивуд: Мажите ѝ јаделе од раце, а за нејзиниот блуд и денес се зборува

Точка

30/10/2020

19:29

6.925

Големина на фонт

а а а

Таа беше олицетворение на „фатална жена“. Беше сметана за една од најубавите жени на светот, во комбинација со многуброjните љубовни афери и гламурозниот живот кој што го водела – синонимот за филмска дива.

Ава Лацини Гарднер била американска актерка која што во текот на 40-те и 50-те години од 20-от век била најпопуларна на сцената на Холивуд.

Кариерата ја започнала во 1941 година, а за кратко време станала ѕвезда.

Американскиот филмски институт ја прогласил за една од најголемите актерки на минатиот век, а времето ѝ било исполнето со многубројни животни скандали со кои што постојано привлекувала внимание во јавноста.

Младата зеленоока убавица, со полни и сензуални усни и моќен јужен акцент имала само 18 години кога првпат се појавила на филм.

„MGМ“ студиото ѝ понудилo стандарден договор, па Ава го напуштила школувањето и дошла во Холивуд.

Таа набрзо се венчала со актерот Мики Руни, во Калифорнија, но во 1943-та година се развеле поради развратничкиот живот на Руни.

Подоцна Руни зборувал кoлку Ава била прекрасна во текот на сексуалните односи, а на тоа таа му одговорила: „Па, тој можеби уживаше во сексот, но небото знае дека јас не уживав“.

По филмот „Убиец“, Ава станува позната како филмска ѕвезда и секс симбол. Во тој период таа кратко била во брак со џез музичарот Арти Шоу, но повторно бракот завршил со развод.

Третиот и последен пат кога Ава била во брак била со пејачот и актер Френк Синатра. Синатра ја напуштил поранешната сопруга поради Ава, а нивниот брак бил ударна вест во весниците од тоа време.

Бракот со Синатра бил бурен – и двајцата биле опсесивно љубоморни, се расправале и секогаш бурно се враќале еден на друг.


Кога Ава дознала дека е бремена, одлучила кариерата да ја стави на прво место, па абортирала.

„Доколку одлучев да родам дете, платата ќе ми беше многу помала. Па, од што би живеела? Френк во тоа време беше без пари, а јас имав многу договори за филмови“, изјавила таа своевремено.

Во 1957-та година Ава и Френк се развеле, по шест години брак, а актерката одлучила да започне нов живот во Шпанија.

Таа таму се запознала со популарниот автор Ернест Хемингвеј кој што зад себе имал четири брака. Единствениот константен маж во животот на Ава ќе остане Хемингвеј.

Ава го губи својот пријател на 2-ри јули 1961-та година, кога славниот автор изврши самоубиство.

По два мозочни удари од кои што делумно останала парализирана Ава Гарднер умира од воспаление на белите дробови на 25-ти јануари 1990-та година, на 67-годишна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk