Принцезата Мери покажа како изгледа стајлинг без грешка за жени во 40-те: Оваа комбинација е чиста десетка!

Точка

30/10/2020

17:25

3.234

Големина на фонт

а а а

Откако почна пандемијата на коронавирусот, данската принцеза Мери (48) не се појавуваше често во јавноста.

Тоа го прекинала со појавувањето на една хуманитарна акција и ги засенила сите со својот стајлинг.


Секоја година се промовира нова колекција божиќни маркици за писма, а целиот приход оди во хуманитарни цели. Оваа година, принцезата Мери со своето доаѓање ја поткренала манифестацијата на друго ниво.

Таа уште еднаш докажала дека со причина многумина ја ставаат во групата на најдобро облечените жени. Со појавувањето во виолетов комплет предизвикала само позитивни коментари, а модните експерти се согласиле дека овој стајлинг е за чиста десетка и е одличен предлог аутфит за сите жени во 40-те години.


Монохрамскиот стил е и тоа како популарен оваа сезона, па нема да погрешите ако од глава до пети облечете само една боја.

Мери тенкиот струк го истакнала со ремен, а со сив капут ја надополнила целата комбинација. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг