Лин Енклуд е шведска стилистка и блогерка која што на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 55 илјади луѓе, а освен ексцентричниот стил, фановите ги привлекува и нејзиниот дом во Стокхолм.
За разлика од класичниот шведски стил на уредување кој што се состои од едноставни парчиња во црна или пак сива боја, домот на оваа стилистка е уреден шарено.
Така во спалната соба покрај креветот во бордо боја истакнати се шарените завеси, а во дневната боја има неколку култни парчиња во различни стилови и бои.
Тука е и мегапопуларното „Ultrafragola“ огледало чија што цена е многу голема.
Доколку сакате необични ентериери, тогаш овој ќе ви пружи особена доза на инспирација: