Ериксен: Прашајте го Конте зошто не играм

Макфакс

30/10/2020

16:12

2.281

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен, повторно јавно го искажал незадоволството од статусот што го има кај тренерот Антонио Конте.

Ериксен сезонава настапи на шест од седумте натпревари што ги одигра Интер, но само на три се најде во стартниот состав.

Преку официјалната интернет страница на Данска, Ериксен одговарал на прашањата на навивачите. Едно од прашањата било зошто не е стандарден во Интер.

„Тоа мора да го прашате тренерот. Побарајте го и разговарајте со него, тој ги носи одлуките кој ќе игра. Подемите и падовите се нормална работа во фудбалот, ретки се тие кои имаат само подеми во кариерите. Јас напредував, така што не размислувам за критиките. Секој има право на свое мислење. Особено сега, кога се преселив во Италија, сите имаат нешто да кажат. Работата е во тоа што треба да ги слушате луѓето кои се околу вас, а останатите треба да ги игнорирате“, рекол Ериксен.

Ова не е прв пат Ериксен јавно да го искажува своето незадоволство од статусот што го има во клубот. Прашање е како на оваа изјава ќе реагира тренерот Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг