Партизан му врачи отказ на Шќепановиќ

Макфакс

30/10/2020

16:07

1.171

Големина на фонт

а а а

Владо Шќепановиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи. Младиот тренер доби отказ поради серијата на лоши резултати.

Партизан од почетокот на сезоната во АБА-лигата и Еврокупот има одиграно девет натпревари. Во регионалната лига Парризан со Шќепановиќ на клупата забележа две победи и два порази, а во Еврокупот скорот е две победи и три порази.

„Капката која ја прели чашата“ беше поразот од Бург (76:89), во вторникот во Белград.

„По серијата на резултати кои не беа на нивото на клупските амбиции, Партизан донесе одлука, екипата на натпреварот со Игокеа да не ја предводи Владо Шќепановиќ. Бидејќи асистентите Александар Матовиќ и Дејан Мијатовиќ се позитивни на Ковид-19, тренер ќе биде Миливоје Лазиќ“, соопшти Партизан.

Шќепановиќ на почетокот на сезоната го наследи на функцијата Андреја Тринкиери, и помошник беше во Партизан и пртехдно во Бамберг. Српските медиуми шпекулираат дека нов тренер на Партизан ќе биде 46 годишниот Сашо Филиповски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг