Неверојатен потфат: Погледнете како Кинезите преместиле петкатна зграда стара 85 години

Точка

30/10/2020

15:38

5.504

Големина на фонт

а а а

Со користење на подвижни машини, во Шангај е преместена петкатна зграда на основно училиште, стара 85 години. Објектот во целост бил преместен од една на друга локација.

Според наводите на Лан Вуџи кој го водел овој проект, биле користени 200 мобилни носачи кои функционираат како роботски нозе. Машините биле распоредени во две групи кои наизменично ја подигнувале и спуштале зградата. Компанијата „ Shanghai Evolution Shift“ пред 2 години ја развила технологијата за оваа намена. 

Училиштето било изградено во 1935 година, а истото било преместено на друга локација бидејќи на негово место се планира изградба на деловна зграда. За да успеат во тоа, работниците најпрвин морале да ископаат канал околу објектот за да можат да ги вградат споменатите машини. Целиот процес траел 18 дена, а во некогашната зграда на училиштето ќе биде сместен центар за образование и заштита на наследството.

Шангај се смета за еден од најнапредните градови во Кина кога станува збор за заштита на наследството, па поради тоа веќе заштитиле голем број стари објекти.

Ова не е првпат во овој дел од најбројната земја на светот да се премести објект на ваков начин. Во Шангај во 2003 година била преместена концертна сала изградена во 1930 година поради изградба на автопат. Пред две години била преместена и зграда стара 90 години и тоа е оценето како најсложен потфат од тој вид, пренесува „CNN“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг