NASA испраќа подморница на Титан – океаните метан кријат големи тајни...

Точка

30/10/2020

15:16

4.099

Големина на фонт

а а а

Овој амбициозен план би можел да се оствари за околу 10 години.

Во блиска иднина, вселенската агенција NASA планира да ја истражи Сатурновата месечина Титан и нејзините огромни океани на етан и метан.

Од таа причина, развила проект на специјална подморница која што ќе заплови во Кракен Маре, на површина од 400.000 километри квадратни. Другата локација е Лигеиа Маре со површина од 130.000 километри квадратни и длабочина од 170 метри.

Амбициозниот план би можел да се оствари за 10 години, доколку биде одобрен и навремено финансиран, пренесува „Space“.

Живот под површината?

Според проектот, подморницата ќе биде долга 6 метри и ќе поседува потребна истражувачка и комуникациска опрема. Нејзината тежина (на Земјата) ќе биде 1.500 килограми, а ќе ја покренува нуклеарна енергија.

Експертите наведуваат дека подморницата е идеална за Титан затоа што движењето во океаните метани, полесно се одвиваат отколку во водата.

Истовремено, метанот пропушта радио-сигнали, па контролата би имала комуникација со пловилото и под површината, пренесува порталот „VIDI“.

Истражувањето на Титан е исклучително важно. Се верува дека во океаните постојат живи организми кои што многу се разликуваат од оние на Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг