Жесус возврати со провокативен одговор откако неговата Бенфика ја споредија со Барселона

Дерби

30/10/2020

14:19

2.290

Големина на фонт

а а а

Бенфика бележи фантастична серија на резултати од стартот на сезоната и петте победи во домашното првенство се надополнети и со два триумфа во Лига Европа, последниот остварен вчера на домашен терен.

„Лисабонските орли“ не му дадоа никаква шанса на Стандард Лиеж и славеа со 3:0, а по уверливата победа, за издвојување е интересната преписка на прес-конференцијата.

Играчот на гостинскиот тим, Мехди Карсела ја пофали играта на Бенфика и ја спореди со онаа на Барселона, позитивни зборови кои интересно не му се допаднаа на искусниот стручња на португалскиот состав, Жорже Жесус.

– Уште во првото полувреме имавме многу мал посед на топката, но потоа во вториот дел со Пици и Тарабт на теренот, Бенфика личеше на Барселона, – изјавил Карсела, по што Жесус возвратил.

– Нема да кажам дека личиме на Барселона. Можеби личиме на Барселона од пред неколку години, но не на оваа Барселона сега која нема ништо во играта. Не сакам мојот тим да личи на актуелната Барса, но немам ништо против да личи на онаа Барселона од пред неколку сезони, – изјави Жесус кој очигледно не е импресиониран од тимот кој актуелно го предводи Роналд Куман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг