Калчомеркато: Јувентус и Реал ќе разменат играчи

Макфакс

30/10/2020

14:15

2.363

Големина на фонт

а а а

Јувентус и Реал Мадрид договарале размена на фудбалери, тврди „Калчомеркато“. Главна ѕвезда во оваа размена би бил Паоло Дибала.

Реал Мадрид се заинтересирани за 26-годишниот Аргентинец, но нема доволно пари за неговиот трансфер.

Поради тоа на Јувентус им понудиле помала сума на пари и двајца фудбалери.

Дибала иам договор со Јувентус до 2022 година, а досегашните обиди да ја продолжи соработката не беа успешни. Аргентинецот бара годишна плата од 15.000.000 евра, Јувентус му нудат помала сума.

Реал за Дибала биле подготвени во Торино да ги испратат Иско и Винисиус Жуниор. Иско ги потроши сите кредити кај Зинедин Зидан, додека Винисиус наводно не се вклопувал во визијата која за тимот ја има тренерот Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг