Силен земјотрес ги погоди Турција и Грција, срушени цели згради: После првиот од 7 степени, следуваа уште три...

Точка

30/10/2020

13:54

9.444

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала го погоди подрачјето околу грчкиот остров Самос, островите Додеканез и делови од континентална Турција.

Како што пренесува грчкиот дневник „Екатимерини“, долготрајното тресење на тлото се почувствувало од Грција, па се до Истанбул. После ударот на првиот земјотрес, следувале уште три помали земјотреси со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени по Рихтеровата скала.

Локалните медиуми известуваат за штета на зградите и патиштата, а неколку локални турски медиуми известија за неколку срушени згради во градот Измир.

На социјалната мрежа „Твитер“ се појави видео на кое може да се види како се сруши една помала зграда во турскиот град.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени во земјотресите кои ги погодија Грција и Турција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг