Министерот Филипче објаснува: Еве зошто треба да се носи маска и на отворено

Точка

30/10/2020

18:27

3.901

Големина на фонт

а а а

Преку видео порака објавена на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, министерот за здравство објасни зошто треба да се носи заштитна маска.

„Доаѓа период во којшто заладува времето и во којшто воздухот ќе биде загаден. Кога е ладно времето, важно е секој граѓанин да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама или шал е нешто што прво овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето“, порача Венко Филипче.

Според министерот, сето ова се аргументи на кои ни укажуваат стручните лица, дека треба да се носат заштитни маски и на отворено.

„Доколку се носат на места каде со седење се одржува дистанца, во ресторани нема логика да се носат маски секако, но мислам дека ова е мерка којашто значајно може да влијае на епидемиолошката слика да го намали бројот на новозаразени и да ја спречи трансмисијата на вирусот“, порача министерот Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг