Не престануваат прозивките кон Пикфорд, сега и Алисон го нападна голманот на Евертон

Дерби

30/10/2020

12:31

1.281

Големина на фонт

а а а

Џордан Пикфорд се соочува со доста тежок период откако беше дел од инцидентот по кој се чини дека заврши сезоната за најдобриот играч на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Пикфорд беше нападнат од пошироката фудбалска јавност, а на негова адреса доаѓаа негативни коментари и од фудбалерите на Ливерпул.

Претходно зборови за стартот на Пикфорд врз ван Дајк не бираа Џорџињо Вијналдум и Адриан, а сега свој коментар даде и првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер.

Алисон беше нешто поблаг од своите колеги, меѓутоа изјави дека стартот на Пикфорд бил целосно непотребен.

– Секој голман има различен стил на игра, различен начин на кој се движи, но во тој момент како во таа ситуација, тоа беше непотребно движење.

– Она што го имам во главата кога сум во таква ситуација е да ја решам ситуацијата затоа што ако одиш премногу меко противникот може да постигне гол. Сите имаат свој начин на кој одат на топката, но нема да се согласам со начинот на Пикфорд, сите видоа дека додаде и еден непотребен момент во неговото движење, -изјави Алисон.

Голманот на Евертон и англиски репрезентативец добивал и закани по живот по стартот врз ван Дајк по кој Холанѓанецот ќе мора да паузира цела сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг