Ветено-сторено: Тамара Тодевска ја истетовира спорната строфа од химната: „Зошто им се правдаш кога си чиста пред себе?“

Точка

30/10/2020

12:35

8.485

Големина на фонт

а а а

Пред два дена пејачката Тамара Тодевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ ексклузивно откри дека ќе го истетовира делот од македонската химна кој не го испеа и поради кој постојано е мета на критики.

Имено, на Денот на независноста на САД, во дворот на американската амбасада во Скопје, Тамара ја испеа химната, но, без стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

После оваа ненамерна грешка, како што вели самата пејачка, Тодевска е остро осудена од јавноста. Таа вели дека не сака нејзиниот народ да ја мрази, свесна е дека направила огромен пропуст, но, се надева дека еден ден сето тоа ќе биде минато.

Како што вети, така и направи. Спорниот дел од химната, кој ненамерно го изоставила при изведбата на 4-ти јули, го истетовира на своето тело, а како доказ за тоа објави 2 фотографии на Инстаграм.

„Ветено, сторено“, напиша Тодевска под објавата.

„Само ти ова го можеш“, „Не си саглам“, „Зошто им се докажуваш кога си чиста пред себе“, „Сега ќе те прават ненормална“, се само дел од коментарите под објавата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг