Го отворил телефонот кој брачен пар му го донел на поправка – внатре пронашол 100 долари и порака која го изненадила

Точка

30/10/2020

12:25

13.081

Големина на фонт

а а а

Маж кој работи во сервис за мобилни телефони раскажал едно свое несекојдневно искуство.

„Денеска дојде еден брачен пар, донесоа мобилен телефон за поправка. Мажот ми објасни дека телефонот не работи и се договоривме да проверам што не е во ред. Тие заминаа, а јас го отворив телефонот и имав што да видам“, раскажал вработениот во сервисот и ја документирал целата приказна на ТикТок. 

Тој во телефонот пронашол 100 долари и порака во која мажот го моли сервисерот да не го поправа уредот туку да ѝ каже на сопругата дека е потполно уништен.


„Сака да ја види мојата листа на повици, а јас не можам да ѝ го покажам тоа“, пишувало во пораката.

Вработениот и неговите колеги биле во дилема што да направат, а некои рекле дека жената сигурно веќе ги знае деталите од спорната листа. Приказната завршила така што жената дошла во сервисот и сервисерот ѝ открил сè, а таа му платила 200 долари да го поправи телефонот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг