Синот на Амди Бајрам ги објави резултатите од тестот за Ковид-19

Точка

30/10/2020

11:07

11.872

Големина на фонт

а а а

Синот на Амди, Габриел Бајрам, на Фејсбук ги објавил резултатите од тестот за коронавирус.

Како што може да се види на истиот, резултатите на Бајрам се негативни. 

Амди Бајрам, еден од пратениците со најголем стаж во парламентот, почина пред речиси една недела. Во јавноста се шпекулираше дека починал од ковид-19, и дека неколку членови од неговото семејство се заразени.

Неговиот син Габриел Бајрам вчера на Фејсбук објави фотографија од своето тестирање, на која се гледа дека резултатот е негативен.

Габриел за медиумите кажа дека никој во семејството немал коронавирус.

Сепак, подоцна беше утврдено дека екс-пратеникот сепак бил заразен, а епидемиолозите најавија дека ќе ги бараат неговите контакти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг