Нова лудорија во Лига Европа: Шпанецот Гомез го шокираше голманот на ПСВ со слободен удар од 55 метри

Дерби

30/10/2020

10:44

1.484

Големина на фонт

а а а

ПСВ Ајндховен успеа да освои први три бода во новата сезона во Лига Европа, откако изминатава ноќ со пресврт славеше на гостувањето во Никозија (1:2).

Фаворитот од Холандија постигна два гола преку Мален кој всушност беше херој за гостинскиот тим, бидејќи со својот блесок успеа да го неутрализира нестварниот погодок кој беше постигнат во првото полувреме.

ПСВ ја однесе победата, но никој не може да го поништи ремек-делото кое го постигна искусниот шпански фудбалер кој настапува во редовите на Омонија.

Жорди Гомез неколку години играше во Премиер лигата како член на Виган, а сега како фудбалер на Омонија, 35-годишниот Шпанец изрежира ремек-дело со кое сигурно издвои кандидатура за гол на сезоната во Лига Европа.

Една седмица по фантастичниот гол на Кемар Руф во победата на Ренџерс, одново видовме гол од преку 50 метри, со тоа што Гомез изведе изненадувачки слободен удар, шокирајќи го голманот на ПСВ од својата половина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг