Како Димитриевски го прочита Салвадор и го отвори патот за победа на Рајо Валјекано

Дерби

30/10/2020

10:27

1.811

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски имаше одличен натпревар и му овозможи на Рајо Валјекано да слави над Фуенлабрада со 2-0 во втората лига на Шпанија.

Андрес Мартин и Антоњин погодија во 71 и 82 минута за славје на Рајо, но претходно Димитриевски беше тој што го одржа клубот во живот со своите одбрани меѓу кои беше и ударот од 11 метри на Ибан Салвадор.

Столе во 26 минута ја прочита неговата намера и го фати пеналот со што дополнително ги мотивираше неговите колеги кои во продолжението си ја завршија работата во офанзивниот дел и донесоа три значајни бода.

Во продолжение погледнете ги најзначајните моменти меѓу кои и одбранетиот пенал на Димитриевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг