Актерката Шенон Доерти, која е најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, ѝ раскажала на една своја пријателка сè за нејзината борба со ракот на дојка.
Имено, актерката неодамна на јавноста ѝ откри дека ракот е во четврт стадиум, а сега зборувала за својата здравствена состојба.
„Сакам луѓето да знаат дека сум добро“, ја започнала Шенон својата исповед.
„Драго ми е да слушнам дека некој се моли за мене, но дојдов до фаза во која мора да кажам дека сè е под контрола и дека се борам“, рекла Доерти.