Терористот од Ница извикуваше „Алаху Акбар“, а потоа полицијата скокна врз него: Погледнете како падна напаѓачот кој уби три лица

Точка

29/10/2020

12:35

9.485

Големина на фонт

а а а

Француската полиција го уапси напаѓачот кој со нож уби три лица во катедрала во градот Ница.

Како што пренесуваат француските медиуми, исламскиот терорист на една жена ѝ ја отсекол главата, а уште неколку лица ранил кај катедралата Нотр Дам.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси истакна дека станува збор за терористички напад, а напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ дури и после апсењето.

„Осомничениот беше ранет од полицијата при приведувањето. Жив е и се наоѓа во притвор“, истакна градоначалникот на Ница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг