Критично во Италија - Или почитување на мерки или карантин

Точка

29/10/2020

12:24

929

Големина на фонт

а а а

Во Италија во последните 24 часа се забележани повеќе од 25.000 новозаразени со коронавирусот, а тестирани се 198.000 луѓе, пишува "Ansa". Починале 205 лица.

Шефот на владиниот советодавен научно-технолошки комитет Агостино Миоцо, рекол дека само со ригорозно придржување на новите мерки за ограничување на ширењето на ковид-19 може да се избегне нов карантин. 

"За две седмици ќе знаеме дали нам овие мерки ни биле доволни или ќе мора повторно да воведеме тотално затворање", рекол тој за дневниот весник "Il Corriere della Sera".

Тој оценил дека новите мерки на владата се во склад со епидемиолошката ситуација која забрзано се влошува.

Миоцо ги критикувал, како што рекол, "инстант експертите" и тие кои се прогласуваат за такви, а кои сега ги критикуваат владините мерки или нудат решенија кои не се основани на факти.

"Каде беа тие експерти кога минатите децении политичарите ги намалуваа парите за болниците, кога се затвораа одделенија за интензивна нега, кога помошта на јавните болници беше намалувана во корист на приватните? Не се сеќавам дали сум слушал гласови против таквите политики", рекол шефот на научно-техничкиот комитет.

Во Италија минатите децении, со политички одлуки, биле фаворизирани приватните здравствени установи кои од јавните фондови добиле голема финансиска помош.

Дури вонредната ситуација поради пандемијата на ковид-19 покажала дека тоа било кардинална грешка бидејќи сега во јавните установи недостасуваат цели одделенија, кои се укинати, затворени, напуштени.

Од друга страна приватните клиники и болниците се неупотребливи во вонредни околности, бидејќи со својата активност се насочиле кон оние здравствени услуги на кои брзо се заработува, како на пример естетска хирургија и слично.




Спонзорирани линкови

Маркетинг