Градоначалникот на Ница за крвавиот напад: Повторно сме жртви на исламофашизам, напаѓачот не престанал да повторува "Алаху Акбар"

Точка

29/10/2020

11:35

1.612

Големина на фонт

а а а

Во црквата во Ница се случил терористички напад во кој три лица биле убиени, а неколку ранети. Напаѓачот со нож колел луѓе во црква, а медиумите пренесуваат дека две жртви биле обезглавени.

"Денеска, плаќаме превисока цена, така што повторно сме жртви на исламофашизам. Нема сомнеж во тоа, тој не престанал да повторува "Алаху Акбар"", им рекол на новинарите Кристијан Естроси. 

"Моите први зборови се зборови за сочувство до семејствата на жртвите, како и до целата заедница Нотр Дам во базиликата во Ница", рекол тој.

Тој исто така им се обратил на граѓаните на Ница кои моментално се под влијание на емоции, а и оддал и признание на полицијата.

Медиумите пренесуваат дека полицијата брзо реагирала и го неутрализирала напаѓачот. Терористот бил ранет и однесен во болница. При апсењето извикувал "Алаху акбар".

Нападот се случува само две недели откако во Париз бил обезглавен професорот Самјуел Пати. Тој бил убиен од 18-годишен Чечен бидејќи Пати на учениците им покажува карикатури од пророкот Мухамед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг