Фудбалерите на Тотенхем се апсолутни фаворити во денешниот натпревар од Лига Европа против Ројан Атверп.
На натпреварот во Белгија од првата минута ќе стартува и Герет Бејл кој се обидува да ја подигне формата со цел да му помогне на Тотенхем и во поголемите предизвици во пресрет на сезоната.
Мурињо објави дека Велшанецот ќе стартува на натпреварот со Антвер и притоа го испофали за неговите квалитети.
– Работи навистина напорно, тој е пример за сите. Големо момче како него отпатува за Барнли, но остана на клупата 90 минути и не одигра ни минута. Неговото однесување како тимски играч е неверојатно. Неговото однесување како играч на Тотенхем е неверојатно, - изјави Мурињо, а потоа застана во одбрана на својот фудбалер кој во последно време во Мадрид беше само мета на критики.
Мурињо притоа на некој начин го омаловажи Реал Мадрид потенцирајќи дека во Тотенхем има далеку подобра организација.
– Мислам дека е многу задоволен од нивото на организација кое го имаме во клубот. Веројатно не е навикнат на тоа, - изјави Мурињо.
На новинарското прашање за нарушената репутација на Бејл, Мурињо повторно имаше одговор со кој сигурно дополнително ќе го мотивира својот фудбалер.
– Една работа е репутацијата, а друга работа се фактите. Би сакал да ја имам истата репутација и јас и да имам освоено четири титули во Лигата на шампионите. Јас имам само две. Фактите со Герет се дека тој направи голема разлика во тој клуб.
– Тоа беше клуб кој со години и години не се поместуваше од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Потоа следеше рапиден скок со три последователни полуфиналиња. А кога тој пристигна, тие освоија четири од пет титули. За мене ова се фактите, - изјави Мурињо.