Документите за скандалите на синот на Бајден мистериозно исчезнаа на само шест дена пред изборите во Америка

Точка

29/10/2020

11:22

2.071

Големина на фонт

а а а

Некогашниот поручник во американската војска, Тони Бобулински откри во интервјуто за „Фокс“ дека семејството на Џо Бајден не било загрижено дека скандалите на синот Хантер ќе влијаат на кандидатурата за претседател на САД.

На новинарите на таа телевизија им биле испратени доверливи и автентични докази кои говорат за бизнис скандалите на Хантер Бајден, синот на Џо Бајден.

„Во понеделникот добивме колекција на доверливи документи од извори блиски до семјеството на Бајден. Веруваме дека се автентични и цврсти“, изјави новинарот Такер Карлсон кој го објави интервјуто со Бобулински.


Како што пренесува „Спутник“, тој објаснил дека продуцентот во Њујорк добил порака да ги испрати документите во Лос Анџелес.

„Веќе во понеделникот попладне, тој ги испрати документите во Калифорнија преку познатата компанија за достава чии услуги ги користевме безброј пати без никакви проблеми“, изјави Карлсон и додаде дека документите никогаш не стигнале во Лос Анџелес.

„Во вторникот добивме информација од компанијата дека нашиот пакет бил отворен и дека ја нема содржината која била внатре. Документите исчезнале“, објасни тој.


Карлсон изјави дека компанијата го испитала секој вработен кој бил во контакт со ковертот, па дури била извршена и детална истрага на авионот и камионите кои ја превезувале пратката. Дури и истражувачите ја пребарувале канцеларијата во Њујорк каде продуцентот ги оставил документите.

„Бараа насекаде, но не пронајдоа ништо. Документите исчезнаа. Компанијата нема никаква теорија за тоа што се случило со документите кои беа многу важни за претседателските избори кои ќе бидат одржани за шест дена“, објаснува Карлсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг