Први фотографии по нападот во Ница: Убиецот ѝ ја отсекол главата на својата жртва?

Точка

29/10/2020

10:46

20.009

Големина на фонт

а а а

Во близина на црквата во Ница се случил напад со нож, а како што се наведува, две лица загинале, а има повеќе повредени.

Некои медиуми пренеле дека една од жртвите е обезглавена, но засега нема потврда. 

На фотографијата која е објавена на Твитер се гледаат турнати столчиња во црквата и се наведува дека неколку лица се повредени.

Како што понатаму се наведува во твитот, напаѓачот наводно постапил според пораките кои овие денови доаѓале од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Иран.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, ги потврдил наводите дека напаѓачот е приведен и и се заблагодарил на полицијата на брзиот одговор.

"На лице место сум со полицијата. Потврдувам дека се сугерира на терористички напад кај базиликата", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг