Снимките го охрабрија Клоп, познато колку ќе паузира Фабињо

Дерби

29/10/2020

10:33

1.342

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп претрпе нов тежок удар откако на натпреварот во вторникот против Митјиланд потешка повреда заработи Фабињо кој требаше да биде замена за Вирџил Ван Дајк за кого сезоната е завршена.

Фабињо мораше во првиот дел да го напушти теренот поради повреда, а многумина сметаа дека станува збор за посериозна повреда која ќе го оддалечи играчот подолг период од терените.

Сепак, по направените снимки е утврдено дека Фабињо ќе отсуствува само еден месец и на теренот ќе може да се врати по ноемвриската репрезентативна пауза.

Тоа значи дека фудбалерот ќе пропушти само три средби на Ливерпул, а потоа ќе се врати во стројот за да му помогне на својот тим.

Овој викенд Ливерпул ќе игра против незгодниот Вест Хем, а за оваа средба Клоп ќе може да смета само на Џо Гомез во одбраната.

Жоел Матип е пред враќање на терените, но се верува дека натпреварот со „чеканите“ ќе дојде премногу бргу за него, па Клоп ќе треба да користи играчи од младинскиот погон за да ја покрива дупката која настана со повредените играчи.

Во комбинација за настап за дуелот со Вест Хем ќе бидат младите Нејт Филипс или Рис Вилијамс. Вилијамс го замени Фабињо на дуелот со Митјиланд и до крајот на натпреварот заедно со неговите соиграчи успеа да ја сочува мрежата недопрена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг