Од Барселона на социјалните мрежи упатија провокативна порака до Јувентус и Кристијано Роналдо, Јуве веднаш возврати

Дерби

29/10/2020

10:16

1.266

Големина на фонт

а а а

Барселона славеше сигурна победа од 2:0 на гостувањето во Торино во дерби пресметката против Јувентус.

Стрелец на вториот погодок со кој се постави и конечниот резултат беше Лионел Меси, а од Барселона не пропуштија прилика да го „пецнат“ својот противник на социјалните мрежи.

На Твитер профилот на Барселона беше објавена фотографија од Меси од натпреварот во Торино на која имаше провокативна порака до Јувентус и Кристијано Роналдо.

– Драго ни е што имавте можност да го видита вистинскиот G.O.A.T (најдобар на сите времиња) на вашиот терен…

По ваквата порака од Барселона следуваше експресен одговор и од админ тимот на Јувентус.

– Веројатно побаравте во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот G.O.A.T на „Камп Ноу“, - одговорија од Јувентус алудирајќи на тоа дека Роналдо ќе биде подготвен за средбата во Каталонија.

Меси асистираше на првиот погодок на Усман Дембеле, а го искористи пеналот во самиот финиш од натпреварот и остави одличен впечаток во Торино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг