Кејтлин Џенер, која што светот ја познаваше како успешен олимпиец Брус Џенер, денеска го слави 71-от роденден, а нејзината животна приказна не престанува да се прераскажува.
Славната Американка која што денеска гордо го носи името Кејтлин Џенер светот ја запозна како олимпиецот Брус Џенер кој што по спортската кариера се венча со Крис Џенер и по неколку децении стана една од најпопуларните ријалити личности во светот.
Сè започнало во 1991-та година кога Брус и Крис се заколнале на вечна љубов, а како круна на нивниот брак стигнале ќерките Кајли и Кендал.
Брус бил прекрасен татко, а се покажало дека може да биде и прекрасен очув затоа што подеднакво се грижел и за Ким, Клои и Кортни, но и за синот Роб. Кон крајот на 2013-та година поранешните сопружници потврдиле дека се развеле, но шокот следел подоцна.
Имено, по нивниот развод се прошириле гласините дека Брус сака да биде жена и дека сериозно размислува за операција за промена на полот.
Тоа се покажало како точно во 2015-та година кога тој позирал како жена на насловната страна на списанието „Vanity Fair“, кога првпат признал дека пиел хормонски таблети години претходно, но дека престанал да го прави тоа кога ја запознал Крис.
Тогаш тој на сите им порачал: „Викајте ме Кејтлин“, и со тоа ја изненади јавноста.
Комплетната операција ја направил во 2017-та година кога и службено станала Кејтлин Џенер.
Денеска тој привлекува големо внимание со женствените комбинации, а во јавноста воглавно се појавува со своите ќерки кои што не му замеруваат поради тоа што го направил.