Ова е новиот Bugatti Bolide

Точка

28/10/2020

18:32

1.331

Големина на фонт

а а а

Како што најавија минатата седмица од Bugatti, од нивната фабрика пристигнува уште еден фантастичен автомобил.

На прв поглед може да се каже дека новиот Bolide наликува на „Бетмобил“, а звукот кој го произведува неговиот мотор е сосема поинаква приказна.

Како погон е задолжен 8.0-литарскиот quad-turbo W16 мотор кој произведува 1600 коњски сили, односно 1850 коњски сили кога се користи 110-октанско гориво.

Верувале или не, овој автомобил е тежок само 1,240 килограми. Тоа му овозможува од 0 до 100 км/ч да развие за само 2,17 секунди, а до 200 км/ч за 4,36 секунди. Максималната брзина која ја развива надминува и 500 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг