Македонија и официјално ќе учествува на Евросонг 2021, но дали Васил ќе нè претставува?

Точка

28/10/2020

18:22

1.938

Големина на фонт

а а а

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека 41 земја го потврдила учеството на Евровизија 2021-та, што треба да се одржи следната година во холандскиот град Ротердам.

Според објавените информации на официјалната веб-страница, меѓу учесниците ќе биде и претставникот од Република Северна Македонија.

Полуфиналните вечери се резервирани за 18-ти и 20-ти мај, додека финалето ќе се одржи на 22-ри мај, кога ќе биде прогласен и победникот.

Следната година домаќин ќе биде Холандија, а музичкиот спектакл ќе се организира во Ротердам.


По објавувањето на веста од ЕБУ, Редакцијата на „Кајгана“ стапила во контакт со Васил Гарванлиев, кого Македонската радиотелевизија го избра за претставник на Република Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам.

На нивното прашање дали тој конечно ќе ја претставува нашта земја, тој одговорил: „Дали сакам и заслужувам да ја добијам шансата да застанам на таа огромна сцена и да ја претставувам Македонија? Да!“.

Целата изјава на Васил Гарванлиев може да ја прочитате на „Кајгана“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг