Ова е најпопуларната маска за телефон во моментов

Fashionel.mk

28/10/2020

17:37

3.395

Големина на фонт

а а а

Виолетовата врата е еден од култните и препознатливи предмети од на многумина омилената серија „Пријатели“.

Интересно е што во оригиналната идеја, рамката на вратата требала да содржи и огледало, но еден од членовите на екипата на сетот случајно го скршил. Бидејќи рамката изгледала добро и без огледалото, сценографите одлучиле да ја остават така. 

Токму вратата со златна рамка, послужи како инспирација за многу други предмети - сандаче за клучеви, перничиња, линија комзетика која беше претставена годинава, а од неодамна и за маска за телефон. 

Маските за телефон со овој мотив, можат да се најдат на Интернет во безброј варијанти, од рачно сликани до 3Д верзии. На „Амазон“ може да се најдат од 6 фунти (околу 400 денари) па нагоре. 


На интернет продавницата „Ред бабл“ пак има модел на кој го има и стихот од воведната песна „I'll be there for you“, а цената почнува од 14 евра, па нагоре (достапна е во две верзии - мека силиконска и поцврста пластична) и е наменета за „ајфон моделите“. 


На „Etsy“ пак, маската можете да ја најдете во слични верзии и за сите други модели на телефони. 


Ако знаете некој вистински обожавател на „Пријатели“, ова може да биде совршен подарок. Или пак, можете да се почестите самите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг