„Илјада ѕвезди“ е насловот на третата песна која публиката може да ја слушне од македонскиот бенд „2Be“.
Покрај претходните две успешни композиции, „100 Песни“ и „Врати се“, „Илјада ѕвезди“ е нивна трета авторска песна. Музиката, текстот и комплетниот аранжман е на момците од бендот, Љупче, Тино и Синиша.
Иако во претходните два видео записи се појавуваат самите тие и се снимени на различни локации низ Македонија, овојпат песната има креативно lyrics видео, за кое е заслужна младата и талентирана Ана Јаневска.
„2Be“ велат дека поради ситуацијата која трае речиси веќе една година, тие се одлучиле за едно поинакво видео, направено во домашни услови, на поинаков и креативен начин.
„Навистина беше многу забавно да се снима еден ваков видео запис“, велат момците.
И покрај несекојдневната ситуација со која сите се соочуваме, тие велат дека нема да запрат овде. „2Be“ за кратко време сакаат да објават уште една композиција, која нивната публика со нетрпение ја очекува. Дотогаш, уживајте во „Илјада Ѕвезди“.