Десет години затвор за проневера на 850.000 евра од касата на УБК

Точка

28/10/2020

15:09

4.280

Големина на фонт

а а а

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот познат како "Специјална каса".

Како што е познато, за "Специјална каса" обвинети беа Тони Јакимовски и Стево Маџовски. Судот ги прогласи за виновни за кривичното дело "злоупотреба на службена положба и овластување" и ги осуди на казни затвор. 

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, доби шест години затвор, а Маџовски на четири години затвор.

"Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како "Специјална каса" според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна затвор во траење од 6 години во која казна му се засметува времето поминато во притвор, С.М. го осудува на казна затвор во траење од 4 години", соопштуваат од Судот.

Судот утврдил дека обвинетите земале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управата.

Против оваа пресуда осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг