Обложувалниците го кажаа своето, кој е фаворит на изборите во САД?

Точка

28/10/2020

13:54

2.937

Големина на фонт

а а а

Речиси да нема обложувалница во светот која не дала коефициенти за победа на претстојните американски претседателски избори на 3-ти ноември.

Фаворит за победа е демократскиот кандидат Џо Бајден. 

Меѓутоа, трендот е таков што според светските букмејкери републиканскиот кандидат Доналд Трамп го намалил заостатокот зад Бајден и коефициентот за него е 2.6, додека за Бајден е 1.5.

Тоа значи дека доколку на Бајден вложите 100 денари, ќе заработите 50, додека победа на Трамп би ви донела профит од 160 денари.

Ситуацијата била неповолна за Трамп, бидејќи коефициентот за неговата победа до неодамна бил 3.00, но по минатонеделната дебата со Бајден коефициентите биле спуштени, што значи дека кандидатот на републиканците оставил подобар впечаток, барем во текот на соочувањето со демократот.

Не треба да се заборави дека и Хилари Клинтон била голем фаворит пред четири години, со коефициент од 1.22, додека за Трамп бил 4.00, па победи актуелниот претседател на САД.




Спонзорирани линкови

Маркетинг