Ердоган бесен: Западот сака крстоносна војна

Точка

28/10/2020

18:07

2.305

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека западните земји кои го напаѓаат Исламот, сакаат повторно да започнат крстоносна војна.

Во обраќањето на Ердоган во турскиот Парламент, порача дека спротиставувањето на нападите на пророкот Мухамед било прашање на чест за нив.

Турските власти ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, истакнувајќи дека со тоа се шири културен расизам и омраза.


Ердоган покрај „проблемот со Франција“, се осврна и на случувањата во Сирија. Турскиот претседател порача дека неговата земја би можела да спроведе нова операција доколку „терористите“ не се повлечат од турските граници.

„Продолжуваат заканите од Сирија против нашата земја. Неодамна се ликвидирани терористите кои подготвуваа напади на нашата територија. Очигледно е дека САД се обидуваат да направат нова воена зона долж сириско-ирачката граница. Ако терористите не се повлечат од нашите граници, ние тргнуваме во акција“, порача Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг