Исчистете ги белите дробови и синусите – рецепт за домашен сируп со кој ќе дишете без проблем

Точка

28/10/2020

13:23

4.111

Големина на фонт

а а а

Направете си сами делотворен сируп којшто може да ви помогне со проблемите со синусите и белите дробови.

Потребни состојки:

- 2 лимони 
- 1 корен од рен
- 2 лажици мед
- 3 чаши вода 

Подготовка:

Земете ги лимонот и ренот, измијте ги и излупете ги. Лимонот исечете го на четири делови, ставете го во блендер, а потоа додадете го и ренот, па измешајте. Ставете ја топлата вода и медот, мешајте сè во блендерот уште околу 20 секунди. Потоа процедете.


Напијте се половина чаша веднаш, додека не се изладила течноста, а остатокот оставете го за подоцна, но потоа пред да го пиете разредете го со топла вода.

Најдобро е овој напиток да го консумирате наутро, 20 минути по утринскиот чај и навечер пред оброкот.

Пожелно е овој напиток да го пиете еден месец, секој ден, а потоа направете пауза од седум дена, па повторно пијте го еден месец.

Напомена: овој напиток го зајакнува имунитетот, ја исфрла слузта, но ги согорува и маснотиите во телото.

Пред консумирање задолжително консултирајте се со вашиот доктор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг