Експлозија на небото над Нагорно-Карабах: Погледнете како Ерменците срушија азербејџански дрон

Точка

28/10/2020

12:03

1.934

Големина на фонт

а а а

Армијата за одбрана на Нагорно-Карабах соопшти дека успешно собориле беспилотно летало на азербејџанските вооружени сили.

На видео снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види моментот на рушењето на дронот.

„Уништување на уште еден дрон од страна на против-воздушната одбрана на армијата за одбрана на Нагорно-Карабах“, соопштија Ерменците.

Претходно Баку го обвини Јереван за напади од неколку правци, а ерменските власти тоа експресно го демантираа. Портпаролката на министерството за одбрана на непризнаената република Нагорно-Карабах изјави дека станува збор за „евтини дезинформации“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг