Караџовски: „Во критична фаза сме, нема враќање - населението ме разочара“

Точка

27/10/2020

23:03

6.415

Големина на фонт

а а а

Епидемиологот Жарко Караџовски, во вечерашното гостување на МРТ вели: „Ако некој има желба да помогне, нека повели во Комисијата“.

Караџовски додава дека не е разочаран од луѓе кои лошо зборуваат за Комисијата, туку дека е разочаран од луѓето кои не даваат помош.

„Ако има некој три чисти да разговара со нас, нека повели на состанок на Комисијата за заразни болести секој понеделник и петок во 8 часот наутро на деканатот. И секој ќе биде сослушан и ќе може да го каже своето мислење“, додава Караџовски во интервју за МРТ.

Караџовски вели дека ова што моментално се случува тој го најавил уште пред неколку месеци на прес-конференција кога кажал дека вирусот се шири на јужната хемисфера.


„Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни“, вели Караџовски.

Додава дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.

„Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките“, изјачи Караџовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг