Александра Илиевска од „Брза кујна“ е бремена: „Оваа сезона ќе бидам дел од шоуто, но само како гледач“

Точка

27/10/2020

22:46

5.328

Големина на фонт

а а а

Водителка Александра Илиевска, која е најпозната по кулинарската емисија „Брза кујна“ на Сител ТВ, не се појави пред малите екрани во новата сезона од шоуто кое започна од неодамна со снимање.

Шеф Марк и Шеф Никола на социјални мрежи споделија фотографии од почетокот на снимањето, а со тоа открија и дека шоуто има нова водителка.

Причината поради која Илиевска не ја води повеќе емисијата ја откри во интервју за „Вистина“.

„Паузата која секогаш ја имаме од сезона до сезона на „Брза Кујна“ ми е исполнета со работен ангажман. Речиси година и половина сум одговорно лице и задолжена за маркетинг и ПР во салон за убавина во центарот на Скопје. Интересна нова област за работа во делот на убавина која ми донесе нови предизвици и работни обврски на кои во целост се имам посветено со цел да дадеме нов пристап и услуга која ја заслужува секој маж или жена, секој кој сака да одвои време за себе и да си даде нега за пристапна цена. Секако настрана од работните обврски тука е сопругот, семејството и пријателите кои секогаш заслужуваат внимание и љубов кое треба да го посветиме обострано“, вели Илиевска.


Сепак, новиот член во семејството нема да ја спречи водителката да ѝ се врати на „Брза кујна“ веќе наредната сезона.

„Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност“, заклучува Александра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг