Лексус за 30 години продаде милион автомобили во Европа

Точка

27/10/2020

21:03

2.089

Големина на фонт

а а а

Премиум брендот на Тојота одбележува три децении присуство на Стариот континент со пригоден јубилеј.

Првите примероци на Лексус на европскиот пазар пристигнаа во 1990-та година, а од јапонската компанија во септември оваа година соопштија дека е испорачан милионитиот примерок во Европа.

Пред 30 години Јапонците во понудата имаа само еден модел во Европа, односно моделот “LS 400”, а таа 1990-та година компанијата успеа да продаде на Стариот континент само 1,158 автомобили.


После три децении присуство на пазарот во Европа, најпродаваниот модел на Лексус е џипот “RX” со 294,284 илјади продадени примероци. Следуваат “IS” со 202,210, а на третото место се најде уште еден џип – “NX” со 155,366 продадени примероци.

Следуваат “CT” со 97,637, потоа моделот “GS” со 74,998, потоа “LX” со 58,234 и моделот “LS” со 39,059 продадени примероци.


Јапонскиот производител на Стариот континент продаде и 38 примероци од својот суперспортски модел “LFA” кој се произведуваше во периодот од 2010-та до 2012-та година.

Од милион испорачани возила во Европа, 45% се на хибриден погон кој беше и остана заштитен знак на Лексус. Денес, „електрифицираните“ автомобили се далеку позастапени во продажбата, па така, дури 96% од Лексус автомобилите кои се испорачуваат на купувачите во западна Европа се хибриди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг