Филипче за „Топ тема“: „Граѓаните не се свесни за почитувањето на мерките, полициски час не е трајно решение“

Точка

27/10/2020

21:00

3.672

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување на телевизија Телма, изјави дека ова зголемување на заразени од коронавирусот било очекувано и предвидено.

„Растот на новозаразени секако дека го предвидовме уште во текот на летните месеци. Не го очекувавме само ние, туку и цела Европа. Во Албанија, Србија, Хрватска, секаде има огромен пораст на новозаразени пациенти од Ковид-19. Мора да напоменеме дека ние како држава и по попуштањето на мерките на почетокот на летото имавме некакви рестрикции и протоколи.

Никогаш немавме целосно укинување на мерките. Бевме свесни дека нè очекува ваков бран. Имавме тренд на опаѓање во август и септември, но зошто го очекувавме овој бран? Луѓето се вратија од одморите, очигледно се прекршувале мерките за заштита од вирусот, потоа јавните собири и концертите кои што се случија...“, вели Филипче.

Министерот исто така го коментираше и полицискиот час и изјави дека „тој не е трајно решение“ доколку граѓаните не сфатат колку е важно да се почитуваат мерките за лична заштита:

„И да се препорача некаде целосна рестрикција на движењето, доколку граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуваат мерките истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи ниту тоа не би било решение. Затоа ја следиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да се препорача затворање на некоја од општините доколку има таква трансмисија, но засега нема.

Затоа сметаме дека овој пакет на мерки што го имаме моментално, функционира кај граѓаните, а нивното здравје е заштитено“, рече Филипче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг