До сите хумани граѓани на Македонија, до оние кои што го прележале коронавирусот и кои што ја имаат оваа крвна група.
Итно е потребна крвна плазма од Ковид-19 излекуван пациент, крвна група А RH+.
Станува збор за жена во свои 50-ти години, позитивна на Ковид-19 која што моментално е хоспитализирана на Инфективна клиника во Скопје.
Децата од жената апелираат до хуманите граѓани кои што го прележале коронавирусот, а ја имаат соодветната крвна група да ја покажат својата човечност бидејќи се работи за животот на нивната мајка на која што здравствената состојба ѝ е сериозна.
Лице за контакт – Тина: 070-688-014