Децата на оваа жена од Скопје со апел до сите хумани граѓани: „Итно е потребна крвна плазма од ковид излекуван пациент за нашата мајка“

Точка

27/10/2020

20:55

3.572

Големина на фонт

а а а

До сите хумани граѓани на Македонија, до оние кои што го прележале коронавирусот и кои што ја имаат оваа крвна група.

Итно е потребна крвна плазма од Ковид-19 излекуван пациент, крвна група А RH+.

Станува збор за жена во свои 50-ти години, позитивна на Ковид-19 која што моментално е хоспитализирана на Инфективна клиника во Скопје.

Децата од жената апелираат до хуманите граѓани кои што го прележале коронавирусот, а ја имаат соодветната крвна група да ја покажат својата човечност бидејќи се работи за животот на нивната мајка на која што здравствената состојба ѝ е сериозна.

Лице за контакт – Тина: 070-688-014




Спонзорирани линкови

Маркетинг