Министерот Нуредини објаснува кои се главните причини за загадениот воздух во Скопје: „Во оваа доба од денот ситуацијата е драматична“

Точка

27/10/2020

20:39

2.831

Големина на фонт

а а а

Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање, во „10 минути“ за „ТВ21“, објасни кои се главните причини за загадениот воздух.

Нуредини вели дека помеѓу 16 и 17 часот попладне и до 22, 23 и 24 часот во текот на ноќта, драматично се зголемува загадувањето на воздухот.

Еве која е причината за тоа:

„Причината за тоа е тоа што граѓаните се враќааат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и другите објекти во државата, а пoтоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините за жал е греењето во нашите објекти и домовите. Другата причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина“, вели Нуредини за „ТВ21“.

Министерот исто така додал дека како трет и главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг