Скопје и денеска со екстремни мерни единици: Загадениот воздух ја зголемува смртноста од Ковид-19

Точка

27/10/2020

20:06

2.340

Големина на фонт

а а а

15 отсто од смртните случаи од коронавирусот во светот најверојатно се должат на загадениот воздух, тврдат научници од Германија и Кипар. Нивната студија покажува дека во позагадените региони, смртноста од ковид 19 е поголема. Кај нас, граѓаните навечер се гушат во загаден воздух.

Скопје, Белград, Приштина, Сараево, Софија и Загреб се најдоа на списокот на најзагадени градови објавен од веб-страницата „AirVisual“ минатата недела. А денеска Скопје е меѓу 20-те најзагадени градови спред Индексот за квалитет на воздухот (AQI).


Во Македонија, мерните станици покажаа високо ниво на загадување во Скопје, Куманово, Кавадрци, Велес… Во овие градови беа измерени меѓу 170 и 260 микрограми ПМ 10 честички во воздухот. Најмногу загадено беше во скопската населба Лисиче каде беа измерени 269 микрограми ПМ 10. По реакциите на скопјани за аерозагадувањето, градскиот татко засега е само загрижен.

„Оваа година за жал сите сме во една посензитивна позиција имајќи ја предвид и пандемијата, и целосно и моето разбирање и мојата лична загриженост за состојбата со загаденоста на воздухот и сензитивноста на јавноста е апсолутно разбирлива“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Мерките не се доволни за да се реши проблемот со загадувањето, реагираат невладините. Бараат да се забрани употребата на јаглен, а таму каде се согорува, не се мери загадувањето. Активисти во Новаци со мерни инструменти се обидуваа да најдат место во близина на РЕК Битола кое што не е загадено. И на блискиот рид во селото, имаш аерозагадување.

Според екологистите, треба повеќе да се инвестира за да се победи борбата со аерозагадувањето, а институциите меѓусебно да соработуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг