Коронавирусот експлодираше во Србија: Повеќе од половина заразени се од Белград, ситуацијата алармантна во сите делови на земјата

Точка

27/10/2020

17:05

3.083

Големина на фонт

а а а

По корона-шокот од 1.053 заразени лица за само 24 часа, уследил уште еден - дури 56 проценти од сите заразени се од Белград.

Кога тоа ќе се претвори во бројки, во главниот град на Србија дневно се заразиле 590 луѓе. Веднаш зад Белград е Нови САД со 47 новозаразени, а алармантно е и во Валево каде има 40 нови случаи. 

Малку подобра ситуација, но и натаму драматична е во Кралево, каде има 28 нови случаи, во Шабац 26, а во Крагуевац 25.

Следи Ниш со 23 новозаразени пациенти, па Лозница со 20, додека во Прокупље има 18.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.430 лица, позитивни биле 1.053, додека пет лица починале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг