Денеска во Кавадарци се регистрирани 11 нови случаи на Ковид-19, а помеѓу нив е и дете на возраст од само една година.
Како што известува Центарот за јавно здравје – Кавадарци, детето не одело во градинка.
Денеска на пат кон скопската клиника почина 65-годишна кавадарчанка заразена со коронавирус. Таа била хоспитализирана на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница, а покрај тоа што била позитивна на вирусот, имала и други заболувања, пренесува „Фокус“.
Во последните 24 часа во Кавадарци се потврдени 11 нови позитивни случаи на Ковид-19, а бројот на активни случаи се искачи на 183.
Ковид-19 одделението во кавадаречката болница забрзано се полни, а моментално се хоспитализирани 18 пациенти со средно тешка клиничка слика. Капацитетот е 23 легла, а се размислува и за негово проширување, во зависност од текот на состојбата со ширењето на вирусот.