Со децении не сме го виделе ваков – избричен и потстрижен: Кијану Ривс е непрепознатлив...

Точка

27/10/2020

15:11

7.326

Големина на фонт

а а а

Косата до раменици по која што беше препознатлив е во заборав, како и неговата брада.

По долги години, Кијану Ривс, одлучи да го смени својот изглед.

Неговата коса до раменици по која што беше навистина препознатлив ја нема, како и неговата брада- сега тој има „војничка“ фризура.


Новиот изглед е резултат на неговата улога по која што е препознатлив, снимањето на филмот „Matrix 4“. Откако фотографиите се појавија на интернет обожавателите не пропуштаат да делат комплименти на сметка на популарниот актер и коментираат дека „повторно е оној стар шармер“, но и дека „изгледа неколку години помладо“.


Кијану со новата фризура бил забележан пред хотелот во Берлин каде што веќе неколку месеци се снима четвртото продолжение на култниот филм, а до хотелот го однела неговата девојка Александра Грант, откако го поминале заедно викендот.


Дали ви се допаѓа новиот изглед на Кијану Ривс? Сподлете ги коментарите со нас!




Спонзорирани линкови

Маркетинг